Нема бегалска рашомонијада во Гевгелија, СДСМ продава ветер и магла

 

На денешната прес конференција на портпаролот на општина Гевгелија најостро се отфрлени сите невистини и конструкции изречени на вчерашната прес конференцијата на претседателот на ОО на СДСМ на Гевгелија.

Сите одговори на вашите прашања кои ги поставивте на пресот, се вели во реакцијата на општина Гевгелија,  може да ги најдете  во  информација за справување со кризата со мигрантите, презентирана на последната седница на Советот на општина Гевгелија  но и во дополнителното, исцрпно  објаснување што го даде градоначалникот Франгов на таа седница за тоа што досега е превземено и што се планира да се преземе во наредниот период  од надлежните институции како би се заштитиле безбедносно, здравствено и хигиенски граѓаните на општина Гевгелија кои во оваа ситуација  се најдоа први на удар на бегалскиот бран.

На својот прес претседателот на ОО на СДСМ на Гевгелија предлага мерки за справување со бегалската криза, препишани од информацијата на Локалниот совет за превенција на општина Гевгелија... Но, тоа е СДСМ,  си тераат  по својата вообичаена навика, си одработуваат поставена партиска задача, па малку препишуваат, малку плукаат по Владата, малку по Градоначалникот , малку предлагаат  мерки кои веќе функционираат но и поставуваат ултиматум,  за една недела кризата да биде решена и точка, се вели во соопштението.

Цела Европа размислува како да излезе на крај со оваа криза, со која, ни крива ни должна се соочува Република Македонија и општина Гевгелија, а претседателот на   СДСМ од Гевгелија , на   вчерашниот  прес изјави  дека ќе може  тоа да го реши за само една недела. Да не е смешно би било трагично.

Претседателот на СДСМ од Гевгелија е потсетен  дека, последните неколку денови, токму поради превземените мерки на општината и надлежните институции , со пуштањето на дополнителни возови, присуството на мигранти на територијата на општината е осетно намалено .

Тој  и неговите сопартијци треба да знаат  дека градоначалникот Франгов не ветил изградба на организиран пункт, таа обврска ја презедоа УНХЦР и Црвениот крст а  општина Гевгелија треба да обезбеди соодветен простор. А, во наредниот период се очекува да се реши и ова  прашање со тоа што ќе се отвори можност имигрантите  да бидат сместени во организиран пункт во  близина на граничниот камен број 59 на земјиште кое е во сопственост на РМ.

Што се однесува до ангажирањето на припадниците на АРМ, тие ќе бидат ангажирани од страна на Врховниот командант  кога тоа ќе стане неопходно, односно во ситуација кога ситуацијата би ескалирала до тој степен што ќе биде потребно  да се  прогласи   кризна ситуација од страна на Владата на РМ.

Здравствена заштита редовно им се дава на имигрантите а само минатата недела им е пружена здравствена помош на повеќе од 200 мигранти на железничката станица во Гевгелија,

Секојдневно од страна на Центарот  за јавно здравје се спроведува дезинфекција на такси возилата, просторот на железничката станица и околината каде се задржуваат мигрантите, како и дезинфекција на возовите кои сообраќаат на релација Гевгелија- Куманово/Табановце.

Екипите на ЈПКД Комуналец секојдневно се на терен и го отстрануваат ѓубрето кое го оставаат имигрантите зад себе.

Од страна на УНЦХР  се поставени  и уредени  подвижни санитарни  јазли околу железничката станица во Гевгелија а дополнително почна  реновирањето и на  постојните санитарни јазли на самата железничка станица.

Значи институциите си ја вршат својата работа која очигледно дава и ќе дава резултати во иднина, но со ваквите  прес конференции, СДСМ не само што не придонесува  за решавање на кризната ситуација туку внесува  дополнителни , непотребни тензии и дезинформации во јавноста. Ако не сте способни да помогнете, тогаш барем немојте да одмогнувате, се вели на крајот на прес конференцијата на портпаролот на општина Гевгелија, се наведува во соопштенито.

 

 

Оцени ја веста

29.07.2015 - 18:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега