Едноставна чоко малина торта

Пробајте ја оваа едноставна чоко малина торта.

Потребни состојки: 

200 грама чоколадо

125 грама путер

2 лажици какао

3 лажици шеќер

4 јајца

1 пудинг од малина

1 шоља џем од малина

шлаг крем од чоколадо

1/2 литри млеко

 

Начин на приготвување: 

Растопете ги путерот и чоколадото во тенџере. Кога смесата ќе се измеша и растопи, тргнете ја од ринглата малку да се излади.

 

 Во смесата додајте ги јајцата, какаото и шеќерот и се измешајте.

 

Смесата ставете ја во калап за торти и печете на 250 степени додека не биде готово (со чепкалка проверете дали тестото е печено). 

 

 Во 300 милилитри млеко сварете го пудингот од малина и во него додајте го џемот, па со таа смеса прелијте ја чоколадната кора. Изматете го шлаг кремот и премачкајте ја тортата.

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

29.07.2015 - 15:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега