Нуркачите и полицијата ја пронајдоа жената по која се трагаше во Охридското Езеро
Тим на Езерската полиција, околу 10.30 часот ја пронашол жената по која се трагаше неколку часови, жива, како плива во езерото пред хотел Парк, јавува Охрид Њуз.
Потрагата по жената, за која постоеја сомневања дека е исчезната во езерските води, започна утрово околу еден часот по полноќ и во неа беа вклучени тимови од општинскиот Црвен крст и Езерската полиција. Поради лошите услови потрагата беше прекината околу 3.30 за повторно да продолжи во 5.30 часот и трае до 10 часот утрово.
Од МВР нема официјална потврда на оваа информација.
Оцени ја веста
29.07.2015 - 11:00
Фото:
Охрид Њуз
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа