Детали за убиството во Козле
Полицијата трага по убиецот на мајката и синот, кои утринава беа застрелани во глава во куќа во скопската населба Козле. Засега се знае дека убиениот Самет С. (29) пред неколку месеци стапил во брак со ќерката на 57-годишниот Н.А. кој е сопственик на куќата во која двајцата се убиени.
Сопругата на Самет кобната ноќ се наоѓала во куќата, на горниот кат со нејзините родители. Нејзиниот сопруг и неговата мајка Ѓулчин Е.(52), по потекло од Бурса, Турција, спиеле на долниот кат од куќата, според првичните информации.
-Сопствениците на куќата кога се симнале на долниот кат каде спиеле нивните гости од Турција забележале дека се убиени, по што случајот е пријавен во полиција. Првично, според исказот на пријавителот никој не слушнал ништо. Констатирано е дека вратата не е насилно отворена, но била пронајдена отворена, изјави помошник министерот за односи со јавност во МВР, Иво Котевски.
Телата на убиените се предадени на обдукција, а полицијата превзема интензивни мерки за расчистување на случајот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа