Пукање во Ченто
Вистинска драма се одвивала синоќа во Ченто кога во 22 часот и 10 минути на раскрсницата од улиците „Маџари“ и Методија Андонов-Ченто, имало пукање од огнено оружје. Според податоците од полицијата, додека 24-годишниот Б.И. од селото Стајковци со своето возило застанал на семафорите, од страна на непознат сторител кој бил во друго возило биле испукани неколку истрели од огнено оружје при што три проектили завршиле во возилото.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Оцени ја веста
27.07.2015 - 11:51
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа