Заев бараше специјален обвинител да го ослободи од Пуч, сега ја бара и Агенцијата за медиуми за нивна контрола

 

Претседателот на СДСМ Зоран Заев во последното интервју за опозицискиот Фокус ја споменува Агенција за медиуми како предмет на преговори. Со други зборови СДСМ инсистира да има партиски човек на чело на оваа институција што е обратно пропорционално на сите стандарди и правила и говори за тенденцијата на опозициската партија за партизација на професионални институции што би било ретрограден чекор назад.

СДСМ под пластот за бобра за некаква демократизација всушност врши груба партизација и уривање на институциите преку поставување на партиски послушници.

Па така, како што на Заев му е потребен специјален обвинител да го ослободи од Пуч сега ја бара и Агенцијата за медиуми за да ги контролира и уценува медиумите.

Фактите говорат дека сите три претходни претседатели на Советот од 1995 беа поставени од Собрание на РМ кога имаше мнозинство СДСМ и беа нивни решенија. Со други зборови сите состави на Советот за радиодифузија во период од 1995 до 2012 или во период од 17 години беа поставени од СДСМ.

Во насока на деполитизација актуелната власт изврши и измени со кои за прв пат во оваа тело, предлагачи за членови во советот има повеќе од НЕВЛАДИНИ институции отколку од власта при што влезе на пример адвокатската комора.

Тоа беше барање на ЗНМ, инаку блиска до СДСМ и нејзина продолжена рака. Ваквите двојни стандарди на опозициската СДСМ говорат за нивната неискреност или пак кога човек на СДСМ не е на власт тогаш институцијата е партизирана. Ваквата нивна автократска парадигма е извор на продуцирање на кризи во последниве 9-10 години.

Департизацијата како процес е и баран од Европската Унија и нејзините највисоки претставници и секако оваа иницијатива на СДСМ е спротивна на сите европски начела.

 

 

Оцени ја веста

26.07.2015 - 12:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега