Кичево и Струга обединети
Откако жителите на Пустец ја извршија својата граѓанска должност, а Фрчковски може мирно да спие и да не размислува за селење во една од трите „слободарски“ енклави во Република Македонија, како што е Ранковце (Кривопаланечко), решив да наметнам едно прашање за кое во следниве неколку години ќе мора сериозно да се размислува – формирањето на граѓански, а не на национални партии за локалните избори.
По поразите во Струга и Кичево, но и сеењето на омраза помеѓу двата етникума кои со векови живеат на тие простори и немало никакви посериозни инциденти поради тоа, македонските и албанските партии ќе мора сериозно да размислуваат за коалицирање помеѓу себе.