Опсесивноста на СДСМ, доказ за кризата во која се наоѓаат и поради која ги губат изборите

 

Истата тактика, истите лажни ветувања и методи на работа.

Истата тактика, истите лажни ветувања и методи на работа.

Социјалдемокртаксиот сојуз пред секои избори наместо со програма, идеи и проекти се натпреварува со закани, покажување силина и опсесивност со ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ наместо со автентично делување кое би било препознаено од граѓаните, се повторува со безидејноста како во веќе нешто видено.

Таквата слепа опсесивност особено истакната и насочена кон премиерот Никола Груевски покажува генерална слабост и криза во опозициската СДСМ, како и немање на капацитет за креирање на здрави политики.

Опсесивноста како психолошка карактеристика е недостаток на самодоверба и почитување што е случај констатиран од аналитичарите како карактеристика на СДСМ. Постојаното дежаву завршува и со катастрофални изборни порази 10 години по ред. Истото го прави и СДСМ пред овие избори.

Прво се заканува дека ќе апси и дека се работи за режим. 

 Во интервјуто за опозицискиот Фокус, Заев се заканува дека специјалниот обвинител кој му треба да го ослободи од „Пуч“ ќе поднел и кривични за лица од власта.

zaev-intervju

Како следно СДСМ, како и вообичаено, даваат лажни  и нереални ветувања од позиција кога и немаат што повеќе да загубат, Шекеринска ветуваше по еден вработен од секое семејство, а Заев илјадници вработувања во Струмица.

 

 Веќе видено сценарио се и лажните анкети на СДСМ со кои се силат, како и прикажување  бројност на митинзите се со цел да се создаде слика дека на тој начин ја имаат поддршката од граѓаните, што пак секогаш на изборниот ден се покажува како вистинско фијаско за СДСМ за кои тогаш, некој друг им е виновен. 

Сето тоа завршува со порази и разочарување, а изборите минатата година завршија со над 200 илјади разлика. По заврсувањето на изборите во СДСМ владееше тишина.

 

 

 

Оцени ја веста

25.07.2015 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега