Турски инвеститори се запознаа со потенцијалите на штипската бања „Кежовица“

 

Турски инвеститори кои се во посета на државава се запознаа со потенцијалите на бањскиот комплекс „Кежовица“.

Претставници на турската корпорација „ЦЕО“ денеска со директорот на ЈП „Исар“, Никола Мицевски ја посетија Градската бања „Кежовица“ и го разгледаа просторот околу бањата, а со цел да го видат потенцијалот и капацитетите на штипското јавно претпријатие и на Физикална терапија.

- Турските инвеститори се заинтересирани за изградба на хотели од типот на медицинска спа терапија, им ги предочивме сите предуслови кои ги имаме, рече Мицевски.

- Размислуваме дека во иднина ова ќе биде еден од големите гео-термални центри во Европа, а туризмот ќе се развива токму во оваа насока. Овој реон има голем потенцијал пред се за Северна и Источна Европа, рече Јилдрм.

 

најчитано сега