И покрај решенијата да престане, Жерновски овозможил најбогатиот хаусмајстор да работи како главен инспектор

 

Хаусмајсторот кој врши работи за главен инспектор, користење на општинските средства за партиски потреби, анархија и непрофесионално унапредување со скокови од дури 10 скалила, самоволие и неработа е карактиристиката на работењето на општина Центар.

На градоначалниот на општината Андреј Жерновски хаусмајсторот милионер освен тоа што му ги водел инспекциските служби, во јавноста веќе стана познато дека поседувал и градежна компанија за која досега нема демант дека соработувала со општината Центар.

Освен тоа најбогатиот хаусмајстор од општината Центар кого Жерновски го унапредил 10 скалила и директно го поставил за главен инспектор, добил уште едно семејно  повластување и награда од градоначалникот. Иако постои конфликт на интереси, неговата сопруга Доменика Стојческа била поставена за член на управниот одбор на градинката „Коцо Рацин“.

Дека Кочо Стојчески е најбогатиот хаусмајстор потврдува и возилото Ауди А5 со кое управува тој, при што досега нема објаснување како е можно со примања на хаусмајстор да стигне до вакво луксузно возило вредно 40 000 евра.

hausavto

Уште пред да биде унапреден за десет позиции Кочо Стојчески вршел улога на главен инспектор. Тој  одлучувал, премерувал, издавал дозволи за градење, уривање токму хаусмајсторот во општината. Ваквото лажно преставување е кривично дело за кое е предвидена затворска казна од една до три години.

На ваквата анархија во општината реагирал и управниот инспекторат кој побарал да му се одземат надлежностите на Стојчевски дадени од Жерновски бидејќи хаусмајстор не може во исто време да работи и како хаусмајстор и како главен инспектор, за што повеќе пати било испраќано предупредување решение за да престане да врши дејности како главен инспектор до општината Центар.

Жерновски не реагирал. Во меѓувреме Стојчевски продолжил и со партиски активности и како редовен декор е на партиските настани на СДСМ и говорник во кампот на СДСМ.

resenie500

Случајот со хаусмајсторот не е единствениот случај. Во јавноста апелираше советничката група на ВМРО-ДПМНЕ дека општината е претворена во приватна своевина на СДСМ. Па така Жерновски бројот на вработени го зголеми за 20%, а со ребаланс скрати од средствата предвидени за проекти за нивно вработување. Се вработија многу партиски кадри, како советникот Дејан Тодоровски партиски кадар и советник од СДСМ, за кој познато е и имаше скандал  дека приватните гозби и забави по градските кафани ги плаќал со општински пари, новинарката блиска до СДСМ Катерина Цаневска, новинарката на Фокус Офелија и многу други партиски активисти.

hausmajsot-koco-stojcevski5

 

 

Оцени ја веста

25.07.2015 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега