Пред секои избори СДСМ се сили, а на изборите редовно губи (ВИДЕО)

 

СДСМ ги повторува истите прочитани тактики. Опозициската партија вообичаено се сили пред избори и создава лажна еуфорија само за да го мобилизира членството и после секои избори доживуваат разочарување и се соочуваат со револтот од граѓаните и исклучително слабата поддршка.

Популизмот и удирањето во гради дека ќе се победи на избори, а без притоа да се испорача програма, работа на терен и да се понуди реален концепт е веќе традиција во СДСМ. И претходно, на изборите во 2008та, 2011та и последните 2014та, како и на локалните и претседателски избори кои се одржаа во тој период,  како на филмска лента Заев, Радмила Шекеринска и врвот на СДСМ гласно викаа дека ќе победат и дури правеа комбинаторики какви влади ќе составувале.

Таквата самобендисаност и лажно парадерство темелено на неискреност, неработа, одлепеност од народот, и немање на програма и концепт за иднината ги доведуваа до последователни изборни фијаска. Тие на крајот го признаваа изборниот пораз, иако вината ја бараа во народот, а не во СДСМ.

Јани Макрадули пред 2011-та викаше дека Бранко тресе, а Црвенковски цврсто уверен гласно говореше дека ќе го победи ВМРО-ДПМНЕ и блефираше повикувајќи постојано на избори.  

Потоа кога Груевски сигурен во поддршката во народот и со цел да се скрати политичката криза наметната од СДСМ се согласи на избори, Бранко излезе и повторно се силеше кога посочи дека каков и изборен законик да се донел само да се каже денот на избори и СДСМ ќе била тука и ќе победела. Тој, заедно со целото раководство Заев и Шекеринска до него гласно убедуваше дека СДСМ ќе победи.

Како по правило СДСМ со истата реторика, секои избори ги опишува како неминовни да се срушела власта и доколку тоа не се случило следувало пропаст.

Исто така дел од еуфоријата на СДСМ која секои избори е дежаву и веќе видена е потребата да се докажува бројноста- па така за секој митинг СДСМ велеше дека е најголем, па се лицитираше со смешно големи и нереални бројки од 50, 60 па дури и 100 илјади присутни.

На последните избори 20014та повторно СДСМ убедуваше дека ќе победи. Стево Пендаровски јавно изјавуваше дека опозицијата води на сите анкети двојната победата се ближи. 

Шекеринска на изборите во 2008та и во 2011та повторуваше иста работа, дека народот се прекршил и одлучил и дека СДСМ сигурно ќе победи. Тие многу често ветуваа нереални работи, наместо конкретна програма со рокови и проекти тие ветуваа општо работи, необмислени, а добри за уво.

Со истиот вокабулар како и до сега Шекеринска ословуваше дека власта е во заминување и дека се работи за режим. Иако најголемиот демант пристигнуваше на изборите каде СДСМ беше партијата која доживуваше тежок пораз од граѓаните.

На 9 мај 2011 година Шекеринска викаше дека Груевски е пред капитулација. 

Исто така и навредите беа редовен декор во нејзината политичка битка како и нереалните ветувања. 

Зоран Заев на изборите во 2014 та кој ги загуби со над 200 илјади гласови викаше дека тој ќе е идниот премиер и дека знае дека ќе победи со над 100 илјади разлика.

После целата лажна еуфорија, која сега СДСМ и Заев ја повторуваат на денот на изборите следуваше соочување со реалноста и одговор на народот што значеше тежок пораз и изборно фијаско за СДСМ.

За СДСМ и тогаш народот беше крив.

Додека раководството на СДСМ смислуваше стратегија да го оправда поразот, народот славеше на улиците. 

Истото СДСМ Заев и Шекеринска го повторуваат и во овој период знаејќи дека наредната година земјавата ја очекуваат избори.

 

 

Оцени ја веста

24.07.2015 - 19:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега