СКАНДАЛ: Хаусмајсторот на Жерновски во исто време е главен инспектор и сопственик на градежна фирма

 


И хаусмајстор и главен инспектор и сопственик на градежна фирма. Нема крај на мега скандалот со хаумајсторот во кој е вплетен градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски заедно со СДСМ. Според податоци до кои дојде Press24 преку Централниот регистар, екс хаусмајсторот а сега главен инспектор во општина Центар, истовремено е и сопственик на градежната фирма СПЕЦИЈАЛ ГРАДБА ДООЕЛ од Скопје. На документите во Централниот регистар може лесно да се најде неговото име. 
Се уште нема информации, дали оваа компанија имала некаква соработка со општина Центар и дали истата се јавува како инвеститор на некоја зграда во оваа општина. Сепак, фактот дека главниот инспектор истовремено е и газда на фирма која е регистрирана за изградба на станбени и нестанбени објекти е скандал сам по себе, особено ако се знае дека токму тој ги издава дозволите за градба во општината каде станбениот простор се продава по највисока цена

Press24 утрово објави фотографии од автомобилот Ауди А5 вреден најмалку 40.000 евра со која се вози хаусмајсторот Кочо Стојчевски.

Медиумите веќе објавија дека тој неколку месеци лажно се претставувал како инспектор. Уште во октомври и ноември тој работел како општински инспектор иако Жерновски решението со кое го унапреди за неверојатни 10 скалила му го дал на крајот на 30 декември 2014 година. Со тоа, Кочо Стојчевски направил кривично дело „лажно претставување“ кое се гони согласно Кривичниот законик и за кое се добива затворска казна до 1 година.

Но тука не завршува скандалот со хаусмајсторот на Жерновски. Семејството Стојчевски очигледно е омилено кај градоначалникот Жерновски и СДСМ. Освен унапредувањето од хаусмајстор во главен инспектор, општина Центар ја назначила и сопругата на Кочо Стојчевски, Домника за член на Управниот одбор на Јавната установа Детска Градинка Кочо Рацин

 

 

Оцени ја веста

24.07.2015 - 13:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега