Мирослав Шиповиќ е новиот претседател на Советот на Општина Центар

 

Денеска се одржа првата конститутивна седница на Советот на Општина Центар.

Седницата според предвиденото ја водеше  највозрасниот член на Советот, Цветанка Симоновска, а за време на средбата се изврши верификација на мандатот на членовите на новиот состав на Советот на Општина Центар-Скопје, по што тие потпишаа свечена изјава.

За претседател на Советот на Општина Центар е избран Мирослав Шиповиќ.

Инаку, Советот на Општина Центар-Скопје има 23 члена, од кои 12 се од коалицијата „Сојуз за иднината" предводени од СДСМ, а 11 се од редовите на коалицијата    „За подобра Македонија" предводена од ВМРО-ДПМНЕ. 

ФОТО:А1он

 

најчитано сега