ВМРО-ДПМНЕ Битола: За СДСМ нема граница во обидот за манипулација на граѓаните

 

Претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола,  Борче Димитровски реагира на прес-конференцијата на СДСМ и вели дека за опозицијата нема граници во обидот да ги манипулира граѓаните.

Во продолжение го пренесуваме интегралниот текст од неговата прес-конференција

Би сакал да кажам дека како битолчанец навистина не можам, а да не се чувствувам крајно непријатно изненаден  од прес-конференцијата на СДСМ денеска, а во врска со состојбите за наводнување во битолско.

Како и секогаш, за СДСМ не постои граница при злоупотребата на крајно неполитички теми во партиски и манипулативни цели. Така и денеска, СДСМ обвинува за настанати штети од временска непогода. Прашањето е кого го обвинуваат? Временската непогода? 

Крајно несериозно е па дури и нечовечки да се злоупотребува она што се случи во Пелагонија, да се манипулира со битолските фармери и да се користат последиците од поплавите за дневни партиски поени.

Уште повеќе, ако се знае дека сите фармери кои претрпеа штети од поплавите се веќе 100% обесшетени од Владата на РМ.

Владата на РМ отпочна со инвестиција вредна 200 милиони евра со која во наредните 10 години ќе се надградува системот за водоснабдување и наводнување во Македонија.

Како никогаш досега се вложува во хидросистемот Стрежево. Само во текот на изминатите 12 месеци се инвестирани 2 милиони евра за санација на цефководите со средства од Владата на Република Македонија. Дел од програмата е и инвестицијата од пола милион евра за на проширување на системот за наводнување кон Новаци со што во крајната фаза ќе се овозможи наводнување од стрежевското езеро уште 4000 ха плодно земјиште.

Сепак, може да се рече дека СДСМ Битола  се доследни на нивниот партиски стил.

Прво реагираат па се премислуваат и на крај се извинуваат. Не очекуваме ништо поразлично и сега освен да им се извинат на битолските земјоделци затоа што се обидоа да ги изманипулираат и денеска како и секогаш кога СДСМ била на власт.

 

 

Оцени ја веста

21.07.2015 - 19:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега