Ќе се изненадите од она што го откри за себе Каролина Гочева

 

Македонската дива Каролина Гочева секогаш изгледа негувано и одлично, а сега откри и како ја одржува линијата. Во интервју за еден српски магазин Каролина Гочева проговори за своите навики во исхраната. 

- Обично ручам околу три часот попладне. Сакам морска храна, но не можам да ја јадам секојдневно. Како и повеќето луѓе од овие простори уживам во плескавици и ќебапчиња. Ми се допаѓа солена и зачинета храна, па затоа ја обожавам мексиканската, арапската и кинеската кујна. Откако започнав да вежбам за ручек јадам бифтек, пилешко и сето она што се препорачува за луѓето кои практикуваат физички активности.

Вечерам околу девет, десет часот навечер. Ако не сум многу гладна јадам тост, салата или шпагети, а ако сум гладна, иако знам дека е погрешно, нарачувам пица. Никогаш не одам гладна во кревет бидејќи така не можам да заспијам.

Неколку пати се обидов да не јадам после шест попладне, но во два, три часот по полноќ ме разбуди гладот, па повторно станував и јадев, изјави Каролина.

 

 

Оцени ја веста

21.07.2015 - 11:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега