Разладете се со некалоричен сладолед
Сладоледот е идеален за овие топли денови, па разладете се без калории.
Се што ви е потребно е една лажица слатка или кисела павлака, две кајсии, две праски, два нектарини и половина банана.
Овошјето ставете го во замрзнувач да стои три часа, за добро да се стврдни. Потоа исецкајте го овошјето и ставете го во блендер, па додадете павлака и измешајте.
Како украс можете да додадете малинки, боровинки или капинки.
Оцени ја веста
20.07.2015 - 10:18
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа