ВМРО-ДПМНЕ: Обидот на СДСМ со политичка криза да ја втурне економијата во минус е неуспешен

 

СДСМ би бил пресреќен да е лоша состојбата во Буџетот. Затоа ги фаќа паника кога слушнаа дека приходите се одлични и се за 14% повисоки од 2014 година. Тој  податок е доказ дека обидот на СДСМ со политичка криза да ја втурне економијата во минус е неуспешен, реагираат од владејачката партија на на соопштението на СДСМ кое се однесуваше за ребалансот на Буџетот.

Нивна цел е да ја урнисаат македонската економија и за тоа да ја обвинат Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е впрочем единствен начин на кој тие знаат да работат, бидејќи како опозиција досега не дале ниту една идеја како да се подобри животот на граѓаните или како да се помогне стопанството, а додека беа на власт го уништија и стандардот на граѓаните и стотици фирми и фабрики. Единствено што им е битно е да дојдат на власт, а што потоа, не кажуваат, бидејќи и самите се свесни дека незнаат и немаат капацитет.

Гледаме како функционира СДСМ како локална власт во Струмица, и со земјоделците, и со стопанствениците. Кога веќе ги спомнаа парите на граѓаните и стопанствениците,  да потсетиме на арачот кој се наплаќа на бизнисмените во Струмица наречен ''едно евро за црквата, едно за Виц'то''.

Оттука можеме да го разбереме гневот на СДСМ. Додека Македонија бележи подобрување на економските резултати, нивниот лидер Зоран Заев не само што не може да раководи со општина Струмица, туку е до гуша заглавен со криминали, барање мито, делење на тендери на чичковци, стрини и братучеди. Ете тоа се економските политики на СДСМ, наспроти здравата економска стратегија на ВМРО-ДПМНЕ.

Колку и да се обидува СДСМ не може да спори дека приходите првото полугодие се на високо ниво и дека сигурно ќе беа повисоки да не беше нивното црно сценарио. Средставата собрани во Буџетот се трошат за потребите на граѓаните.

СДСМ не може да ги прикрие инвестициите и проектите кои се реализираат, бидејќи луѓето гледаат и се свесни за тоа што се случува. Се гради гасоводната мрежа, три автопати, училишта, болници, детски градинки, спортски сали, се набавија нови патнички и товарни возови, се инвестира во изградба на пругата кон Бугарија, редовно се исплаќаат субвенции за земјоделците, континуирано се отвораат нови странски инвестиции, само во два дена се најавија две фабрики кои ќе вработат близу 4 000 лица, и уште десетици други капитални инвестиции. Редовно се исплаќаат пензиите, не доцнат како во време на СДСМ.  За разлика од СДСМ кој ги намали пензиите за 8 отсто, оваа Влада дополнително ќе ги зголеми почнувајќи од месец октомври годинава.

Граѓаните знаат да го препознаат тоа и во април следната година ќе им го дадат истиот одговор на СДСМ како и лани. Криминалите на Зоран Заев ќе бидат строго казнети.

Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ

 

 

Оцени ја веста

17.07.2015 - 20:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега