Узунов и официјално си поднесе оставка и се откажа од Заев

 

Еден од најистакнатите кадри на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, сега веќе поранешен потпретседател на партијата Ванчо Узунов и официјално си поднесе оставка од фунцијата и се откажа од актуелниот лидер Зоран Заев.

Иако голем дел од медиумите уште вчера објавија дека Узунов си поднел неотповиклива оставка, сепак соросвите портали молчеа за ваквата одлука на потпретседателот, се’ до вечерва кога Либертас на Ацо Кабранов повикувајќи се на информации од Утрински весник објави дека Узунов се повлекол.

Според пишувањата еден од четворицата потпретседатели поднел оставка од функцијата пред вчерашната седница на Извршниот одбор на партијата. Тој оставката ја доставил во писмена форма. Партискиот портпарол Петре Шилегов го потврдил повлекувањето на универзитетскиот професор и вели дека во образложението на одлуката за заминување од партијата биле наведени сериозни лични причини.

Ваквиот чекор Узунов го најави уште минатата недела, како револт од политиките што ги спроведува раководството на партијата предводено од Зоран Заев и Радмила Шекеринска. Узунов отворено во својата последна колумна го изнесе своето размислување за политиките на неговата матична партија и за резултатите од анкетата на ИРИ. Тој за разлика од Заев, кој смета дека се нерелевантни,  ги прифаќа резултатите и ги оценува  како релевантен показател на јавното мислење. 

-Од друга страна, ги имаме и резултатите од анкетата на ИРИ. Во отсуство на други такви анализи, ги прифаќам и добро ќе размислам за тоа дали има било каква смисла мојот натамошен ангажман во политика, пишува Узунов.

Според познавачите, повлекувањето на Узунов кој важи за еден од најквалитетните кадри со кои располага опозицијата е резултат на растечкото незадоволство од работењето на Заев и останатото раководство, лажната еуфорија и неостварените ветувања на лидерот на СДСМ, како и резултат од отвореното незадоволство од договорот и условите на кои се согласи опозицискиот лидер.

 

 

Оцени ја веста

16.07.2015 - 22:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега