Да не беше таа немаше да ги слушнеме најубавите стихови од Балашевиќ
Многу стихови од Ѓорѓе Балашевиќ немаше никогаш да ги слушнеме доколу во неговиот живот не се појавела неговата љубов - Оливера.
Двајцата и по речиси четири децении сеуште се заљубени, пишуваат српските медиуми.
„На пат да станам покварено момче, ја сретнав неа, и се се претвори во приказната за Битанга и принцеза, но со малку изменети улоги. Таа не беше битанга, но беше мала скитница по студентските соби и домови, со огромна амбиција. Пред Оља имав неколку трагични, формални врски, но кога за прв пат ја видов неа, помислив дека сакам да се оженам и да имам свое семејство“, раскажа Ѓорѓе за почетоците на неговата љубов.
Балашевиќ и Оливера имаат две ќерки Јована и Јелена и еден син Алекса.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа