„Ја мразев, мојата мајка беше срам за мене“
Ја мразев, беше срам за мене. Таа во моето училиште подготвуваше храна за учениците и учителите. Еден ден дојде во класот да ме поздрави, а после тоа другарите и соучениците почнаа да ме исмеваат.
Само што не сум пропаднал во земја и посакав едноставно мојата мајка да исчезне. Кога повторно ја видов и кажав дека ме срами, ио подобро е да умре! Мајка ми ништо не ми одговори, само немо ме гледаше. Не сум застанал ни момент да размислам за тоа што сум и го кажал, бев многу лут.
Бев незаинтересиран за нејзините чувства… Сакав да си одам од дома и никогаш повеќе да не ја видам. Учев многу, и така добив шанса да студирам во Сингапур. Таму се оженив, купив куќа, ми се родија и деца.. Бев среќен и задоволен од животот. Но еден ден во посета ми дојде мајка ми.
Не ме видела со години, а никогаш не ги видела ниту внуците. Се појави на врата. Моите деца почнаа да ја исмеваат… Па јас почнав да викам по нејзе: „Како си се осмелила да дојдеш во мојата куќа и да ми ги плашеш децата? Како само така не поканета си дошла? Одиси одма!“ Мајка ми само тивко изговори – „Простете, сум ја згрешила куќата“, и си замина… После неколку години добив писмо.
Повикан бев на годишнина од матура. Жена ми ја излажав дека ќе одам на службен пат. После прославата, од некоја њубопитност наминав до мојата родна куќа. Кога ме видоа соседите ми кажаа дека починала. Ниту една солза не сум пуштил. Ми дадоа само едно писмо, за кое ми рекоа дека е од нејзе…
-Сине мој, на тебе мислев цело време. Простими што дојдов во твојата куќа и ти ги исплашив децата. Ми беше драго кога слушнав дека си успеал во животот. Жал ми е што сум ти била товар и што сум те срамел. Кога си бил мал, ти се случи една несреќа во која го изгуби едното око. Како мајка не можев да поднесам да израснеш со едно око.
Докторите те прегледаа и ми рекоа невозможно е да прогледаш. Тогаш јас ти го дадов едното око… Бев горда, знаејќи дека мојот син ќе гледа и ќе го види целиот свет за мене, со тоа око.
Со љубов,
Твојата мајка“
Извор; Денешен
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа