СДСМ како онаа народната, ем шуто ем боде
СДСМ ја смени тактиката при што организирано започна со упади и прекинување на јавни настани организирани од функционери на ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа што Саше Политико е во Скопје, во Струмица е Катерина Бабулова член и локален функционер на СДСМ, каде под нозе ја зема слободата на говор и јавно прекина настан на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
И наместо да се срамат и сокријат од јавноста, денес струмичката организација на СДСМ излезе со прес конференција во одбрана на Бабулова која треба веројатно да влезе во рубриката верувале или не, па ја прикажуваат за жртва, и не за член на СДСМ, што јасно може да се види од фотографиите каде е во присуство на Заев и нa редица партиски настани на СДСМ, туку за граѓански активист.
Оттука однесувањето на СДСМ се повеќе наликува на онаа народната ем шуто ем боде. Тие знаат дека се виновни но сепак глумат жртви и бесрамно продолжуваат со газење на слободата и демократијата.
СДСМ и Заев се во огромна паника. Тие се свесни дека го губат тлото во Струмица особено што во последниот период јавноста во Македонија е информирана за огромните проблеми со кој се соочуваат струмичани и неработењето на Зоран Заев, за купиштата смет и дивите депонии, за раскопаните улици, за нереализираните ветувања, за неизградените фабрики, за комуналните проблеми и недостатоци.
Се поголем број на граѓани се охрабруваат и се приклучуваат кон иницијативата за оставка на Зоран Заев и распишување на предвремени локални избори оваа есен.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа