ФОТО: „Тато, ми недостасуваш“ - Анастасија му напиша порака на покојниот татко
Ќерката на Светлана Цеца Ражњатовиќ, Анастасија вечерва стави слика од својот покоен татко Жељко Ражњатовиќ Аркан на Инстаграм и напиша текст на англиски јазик кој говори за тоа колку и недостасува.
Таа напишала: "i only miss you when i'm breathing" што значи „ми недостасуваш само кога дишам“.
Оваа фотографија предизвика големо внимание на нејзините фанови на друштвените мрежи, па за нешто повеќе од еден час имаше околу 50 коментари. Многумина се фатија за фактот дека Аркан учествувал во војните на просторот на поранешна Југославија, но повеќето ја подржаа девојката „која го сака својот татко и не се срами од него“.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа