Нуланд: Кризата може да се реши - ги поддржувам разговорите со Хан
Разговорите со Хан да продолжат, кризата може да се реши. Американскиот државен секретар Виткроија Нулад со оптимизам по средбите со политичките лидери во Македонија.
„Oд тоа што го видов кај политичките лидери, верувам дека проблемот ќе може да се надмине. Останаа да се разрешат уште неколку прашања. Ги поддржувам разговорите што лидерите ги водат со комесарот Јоханес Хан“, изјави помошник државниот секретар на САД, Викторија Нуланд, по средба со премиерот Никола Груевски во рамки на посетата на Македонија.
Политичките лидери на 2 јуни во присуство на комесарот Хан потпишаа договор со кој се обврзаа во април идната година да се одржат избори. Лидерот на СДСМ Зоран Заев 3 пати се премислуваше. Минатата недела тој излезе со став дека преговорите завршиле без успех.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа