Шефот на романската дипломатија доаѓа во Македонија
На покана од министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, на 3. јули, во официјална посета на Република Македонија ќе престојува министерот за надворешни работи на Романија, Титус Корлацеан.
Од МНР информираат дека се очекува двајцата министри да разменат мислења за билатералните односи и економската соработка, меѓу двете земји, за можностите за нивен натамошен развој, како и за заедничка соработка во контекст на ЕУ, НАТО и на регионален план.
Според предвиденото, министерот Корлацеан да биде примен од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, како и од претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски.