Тешка кражба во Скопје - крадецот си се збогати за 300.000 денари
Вчера непознат сторител ограбил стан лоциран на улицата „Војдан Чернодрински“ во Скопје.
Грабежот се случил во станот на 47-годишниот скопјанец И.М. каде непознат сторител влегол со употреба на погоден предмет, извршил пребарување и земал шест рачни часовници и поголема количина златен накит.
На тој начин крадецот си се збогатил за 300.000 денари.
Се преземаат мерки за откривање на сторителот.