Насилници без никаква причина претепале битолчанец во кафеана
Денеска во два часот по полноќ во болницата во Битола било донесено лице со повреди по телото.
Се работи за 34-годишниот Ѓ.Р. кој околу 2 часот на улицата „Хераклеа“ додека бил во кафеаната „Хилтон“, без повод и причина бил физички нападнат од страна на две непознати лица.
Насилниците му нанеле тешки телесни повреди во пределот на лицето.