Капиштец во паника скопјанец на Ургентен - крвава пресметка меѓу полицијата и бесни разбојници
Немирна ноќ во скопски Капиштец. Ноќеска во 00:45 часот, граѓани пријавиле дека непознати разбојници ја пустошат продавниццата „Пикс Плус“ лоцирана на улицата „Народен Фронт“ во Капиштец.
Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот и ги фатиле на разбојниците на дело. Според информациите од МВР, едниот од разбојниците излегол од продавницата и со метална прачка се обидел да нападне еден од полицајците. Овој, пак, за да се одбрани од нападот, испукал еден куршум од службениот пиштол и го погодил разбојникот во десната надколеница.
Истрагата покажала дека се работи за Н.М.(26) од Скопје, кој е пренесен во Ургентен Центар за укажување лекарска помош. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.