Зошто жените живеат подолго од мажите?
Познато е дека жените живеат подолго од мажите, но тоа не било отсекогаш така. Според резултатите од нова студија, разликите меѓу животниот век на мажите и жените почнале да се појавуваат на почетокот од 19 век, пишува Huffington Post.
За оваа студија истражувачите анализирале податоци од луѓе родени во периодот меѓу 1800 година и 1935 година, во 13 развиени земји. Тие откриле дека пред 1840 година степенот на смртност бил сличен меѓу мажите и жените, но од 1880 година благодарение на подобрените диети, вакцини и здравствена заштита степенот на смртност кај жените е опадната 70% побрзо отколку степенот на смртност кај мажите.
Кардиоваскуларните болести се главна причина на смрт меѓу мажите. Студијата е објавена во списанието Proceedings of the National Academy of Sciences.
Понатамошните студии ќе се занимаваат со останатите разлики меѓу половите.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа