Млад скопјанец остана без богатството тешко половина милион денари

 

27 годишниот скопјанец Р.К. пред два дена останал без 550.000 денари.

Според МВР, непознат натрапник преку терасата влегол во станот на Р.К. на улицата „Петар Ацев“ во Скопје, детално ги пребарал собите и си заминал со 5.000 евра, златен накит, два компјутери и фотоапарат. Вкупната штета е проценета на 550.000 денари.

Од полицијата велат дека работат на пронаоѓање на сторителот.

најчитано сега