Немојте да пиете кафе на овие горештини!
Намалете со кафето на овие високи температури.
Кафето содржи многу кофеин, што го зголемува крвниот притисок, го забрзува пулсот, па дури може да се случи и прескокнувања на срцето. Посебно треба да внимаваат болните од срце, бидејќи во краен случај може да предизвика инфаркт или шлог.
Бидејќи кофеинот е силен диуретик предизвикува често одење во тоалет, што доведува до дехидрација, а со тоа и намалување на солите, железото, магнезиумот или калциумот во телото.
Уште една лоша работа за оние кој сакаат да се сунчаат и да пијат кафе. Поради својството за дехидрација, кафето ја суши кожата, а тоа доведува до побрзо создавање на бори.
Секако како опција мислевте дека ладното кафе ќе биде добар избор, но се лажете. Од ладното кафе не само што може да ви се зголеми шеќерот, туку и никогаш не може да бидете сигурни за квалитетот на млекото, па може денови да поминете во тоалет.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа