ФОТО: Игор Џамбазов ја напушти болнцата Филип Втори
Македонскиот шоумен Игор Џамбазов денеска ја напушти болницата, откако на 21 јуни беше пренесен во болница каде му беа направени две опреации на левата и десната нога. На фан страницата на специјлната болница Филип Втори, Д-р Тања Анѓушева за состојбата на Игор вели дека биле прашање на минути за да ја спасат десната нога и дека денеска по направените анализи тој е пуштен дома.
На прашањето зошто изборот за болница го направил да биде „Филип Втори“ , Игор одговори:
„ Да те оперира Жан Митрев тоа е исто како да ти режира Стивен Спилберг , или како да те тренира Жозе Мурињо. Затоа бев потполно спокоен “.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа