Заев утрово не се појави на Суд

 

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска не се појави во струмичкиот суд иако согласно мерката за обезбедување, тој беше должен да го стори тоа до 9:30 часот утрво. Лидерот на СДСМ кој минатата недела рече дека не го признава македонското судство сега може да биде уапсен и да му биде одредена мерка притвор бидејќи веќе нема гаранција дека тој ќе се појавува на судските рочишта за случајот Пуч во кој е обвинет за сериозни кривични дела.
Судот во С
трумица објави дека на Заев ќе му даде рок до денеска на пладне по што ќе го извести скопскиот Кривичен суд кој понатаму е надлежен да одлучува.

– Обвинетиот Заев треба да се јави до 9.30 часот, но судијата во предходна постапка прави толеранција до пладне, има предвид ако обвинетиот негде патувал или имал некакви објективни причини за доцнење. Ако не се јави до тогаш, ќе се испрати писмено известување до Основниот суд Скопје 1. Како ќе се постапи понатаму зависи од судот што ја одредил мерката – вели судијката Цона Каламерникова, задолжена за комуникација со медиумите во струмичкиот суд за Плусинфо

 

Кривичниот Суд доколку ја следи процедурата како за сите останати дела каде што има слична мерка на обезбедување, би требало по добивањето на извествањето да одреди мерка притвор за да може да го обезбеди обвинетиот на судските рочишта. Од Судот не сакаат да коментираат пред да го добијат известувањето од струмичкиот суд

 

 

Оцени ја веста

06.07.2015 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега