Трагедија: Прилепчанец паднал додека работел - починал на лице место
Во текот на вчерашниот ден во 14 часот и 40 минути на регионалниот пат Прилеп-Македонски Брод, на местото викано „Бревичка“ во кругот на фабриката „ДООЕЛ„Резба“ за преработка на камен, поточно во хала, 57-годишниот Стојан К. од Прилеп, при изведување електрична инсталација која била под напон, во еден момент паднал од скалата на која работел на висина од 3,3 метри. Од падот Стојан се здобил со повреди во пределот на главата и починал на лице место.
Оцени ја веста
30.06.2015 - 12:18
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа