Познатиот македонски пејач ги спакува куферите и и кажа збогум на пејачката кариера?

 

Дарко Илиевски реши да направи мала пауза со пеењето и да се проба како диџеј на Малта каде замина да одмори. 

Како што пишува Вечер, Даре решил да заплива во диџејските води. Таа идеја ја имал на ум веќе подолго време, па набавил и опрема за таа намена, а во најскоро време треба да стартува пробно со својот диџеј сет во еден тамошен ноќен клуб. Па доколку пејачот се покаже добро и како диџеј ете му добитна комбинација за летово.

Почнувам деновиве пробно во едно диско да пуштам музика, па ако им се допадне, може да направиме и договор. Од пеењето не се откажувам, но сакав да го пробам и ова. Со оглед на тоа дека правам музика, верувам дека ќе се снајдам и со пуштањето“,  вели Дарко.

 

 

Оцени ја веста

30.06.2015 - 11:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега