Се асфалтира патот до манастирот Трескавец

 

Се асфалтира патот до манастирот Трескавец и според предвиденото, треба да биде готов до 28. август годинава. Асфалтирани се 720 метри од патот долг 7,5 километри.

За реализацијата на овој проект, државата одвои 83 милиони денари. 

- Патот до Трескавец е од огромно значење за развојот на туризмот, не само на манастирскиот, туку и на културниот, вели градоначалникот Марјан Ристески, пренесува Курир.

Се очекува, асфалтирањето на патот до Трескавец да донесе и развој на манастирскиот туризам.

Патот ќе влијае и за развивање на манастирскиот туризам.

ФОТО: commons.wikimedia.org

најчитано сега