Сообраќајка во Тетово: Мотоциклист итно пренесен во болница
Завчера попладне околу 17 часот и 20 минути, на крстосницата на улиците „Илинденска“ и „29 ноември“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа.
Во неа учествувале: патничко возило „БМВ“ со тетовски регистерски таблици, управувано од 63-годишниот З.О. од Тетово и моторцикл „Агусто“ без регистерски таблици, што го управуван 24-годишниот Г.Џ. од Мала Речица, а во несреќата моторциклистот се здобил со телесни повреди, пренесен е и задржан во тетовската клиничка болница.
Извршен е увид и се утврдуваат причините за настанување на несреќата. Штетата се проценува на 50.000 денари.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа