Се запали куќа во гостиварско
Вчера околу 10 часот избувнал пожар во куќата на 60-годишниот М.Џ во гостиварското село Сенокосе.
Огнот најпрво пламнал во просторија на првиот кат, а потоа се проширил наоколу.
При тоа, опожарен е еден прозорец, неколку подни покривки, лустер, облека и друго, а причинети се и други оштетувања во куќата.
Со интервенција на противпожарната служба, пожарот е локализиран.
Извршен е увид и се утврдуваат причините, вкупната материјална штета и се друго.
Оцени ја веста
29.06.2015 - 12:50
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа