Детали за несреќата: Познат идентитетот на прегазениот маж во Куманово
Едно лице почина откако во него удри автомобил во центарот на Куманово. Несреќата се случила околу 22 часот на улицата „Гоце Делчев“ кога 66-годишниот Драгољуб Б. ја преминувал улицата и во него удрил автомобил кој се движел од улицата кон булеварот „Трета МУБ“.
Екипата на Итната медицинска помош која веднаш пристигнала на местото на настанот констатирала смрт. Извршен е увид на местото на несреќата.
Возачот го напуштил местото на настанот, па сам се пријавил во полциија.
Оцени ја веста
27.06.2015 - 11:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа