Страшна сообраќајна несреќа: Кумановчанец починал на лице место
Едно лице почина откако во него удри автомобил во центарот на Куманово. Несреќата се случила околу 22 часот на улицата „Гоце Делчев“ кога средовечниот маж ја преминувал улицата и во него удрил автомобил кој се движел од улицата кон булеварот „Трета МУБ“.
Екипата на Итната медицинска помош која веднаш пристигнала на местото на настанот констатирала смрт. Извршен е увид на местото на несреќата.
Оцени ја веста
27.06.2015 - 10:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа