Ставрески: Народот е силата на ВМРО-ДПМНЕ

 

Ќе останеме посветени на макотрпна работа и реализација на ветеното, подвлече вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески на гостувањето на вестите на Канал 5.

Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески кои е и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на вестите на Канал 5 истакна дека ВМРО-ДПМНЕ 25 години е со народот и работи за народот.

-Денеска ВМРО-ДПМНЕ слави 25 години формирање и 122 години од историското ВМРО чиј идеолошки наследник е партијата. За овие 25 години заедно со граѓаните поминавме убави но и тешки моменти, а ВМРО-ДПМНЕ остана со народот и беше со народот. Силата ја црпиме од народот и се обидуваме да ги решиме и државние и личните проблеми на граѓаните, истакна Ставрески.

Тој заклучи дека ВМРО-ДПМНЕ и народот од моменталната политичка состојба ќе излезат посилни.

-Ние од првиот ден се фокусираме на решавање на прашањата и проблемите кои ги засегаат граѓаните. Ние се фокусираме на отворање нови работни места, привлекување на странски инвестиции и економски раст, додаде тој.

Победите на ВМРО-ДПМНЕ, заклучи Ставрески се должи на исполнувањето на ветувањата кои му ги даваат на граѓаните, како и тоа дека сите општествени групи знаат дека со мерките и проектите на ВМРО-ДПМНЕ ќе им се подобри и олесни животот.

-Ќе останеме посветени на макотрпна работа и реализација на ветеното, подвлече Ставрески во гостувањето на Канал 5.

 

 

Оцени ја веста

20.06.2015 - 19:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега