ВМРО-ДПМНЕ: Знае ли Заев како да го реши спорот за името?
Бидејќи гледаме дека Зоран Заев го посочува Премиерот Никола Груевски како единствен виновник за невлегувањето на Република Македонија во ЕУ и НАТО, а знаејќи дека проблемот со името е единствената кочница на евро-атланската патека, му предлагаме на Зоран Заев на следните избори да излезе со јасен и конкретен концепт, начин и методологија за решавање на тој спор.
Се дотогаш неговите коментари ќе ги гледаме како дневно-политички реакции и критики кои немаат суштинско значење за државата, туку имаат партиска намена.
(Интегрален текст од реакција на ВМРО-ДПМНЕ на говорот на Зоран Заев на Конгресот на СДСМ)