Уште еден крвав настан со мигранти во Македонија

 

Околу еден часот по полноќ во атарот на селото Табановце, Кумановско, во близина на железничкиот премин „Табановце“ се случил уште еден крвав инцидент со мигранти. По предходна меѓусебна расправија на 24-годишниот И.К. од Сирија со уште еден мигрант, тој се здобил со убодни рани во пределот на ногата кои му биле нанесени од нож.

Истиот бил префрлен во болница во Куманово каде му била укажана лекарска помош. 

Инаку, неодамна уште еден крвав настан ја потресе Македонија кога кај Велес без прегзени од воз 14 мигранти.

 

 

Оцени ја веста

18.06.2015 - 11:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега