Тетовчанец сечел дрва со братот, а потоа...

 

Неексплодирана тромблонска моментна мина закопана во земја била пронајдена од страна на 38-годишниот Ф.Р од тетовското село Лавце. Тетовчанецот ја пронашол мината додека вчера околу 9 часот и 30 минути заедно со својот брат сечел дрва во месноста „Иванова нива“ кај селото.

- При увидот е утврдено дека станува збор за тромблонска моментна мина  што на некои места била оштетена и за која  се претпоставува дека потекнува од конфликтот во 2001-ва година. На увидот присуствувал и претставник на Дирекцијата за заштита и спасување и нешто подоцна мината е соодветно подигната и безбедно транспортирана, изјави Јосифовски, пренесе МИА.

 

 

Оцени ја веста

18.06.2015 - 11:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега