Скопјанец криел марихуана во гаќи

 

Единицата за недозволена трговија со дрога, оружје и акцизна стока при Секторот за внатрешни работи - Скопје реализираше два одделни случаи на недозволена трговија со дрога при што поради основано сомневање за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривични пријави против четири лица.

Во првиот случај кривично се пријавени лицата Д.М. (35) С.И. (34) и А.Ќ. (37) тројцата од Куманово, а при реализацијата на сучајот пронајдени и одземени се 24,34 грама наркотична дрога хероин. Од страна на Истражен судија на Д.М. и С.И. им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, додека на А.Ќ. му е одредена алтернативна мерка – јавување во полициска станица еднаш неделно.

На 20-ти овој месец при контрола на возило марка “Фолксваген Пасат“ на  излезот од село Арачиново, а управувано од Д.М., во кое биле и второ и трето пријавениот, откриени е прашкаста материја – хероин. Според документираните сознанија од истрагата тројцата пријавени претходно со непознато лице од Арачиново договориле набавка на опојна дрога хероин за нивна употреба. Откако собрале 17.000 денари (7.000 денари дал Д.М, а по 5.000 другите двајца) тие се упатиле во Арачиново каде што ја купиле дрогата. Со наредба на истражен судија извршен е и претрес во домовите на трите лица, при што во домот на Д.М. пронајдена е и дигитална вага со остатоци од хероин.

Во вториот случај кривично пријавен е Б.Г. (20) од Скопје, а при реализацијата на случајот пронајдени и одземени се речиси 50 грама марихуана и 1,5 грама амфитамин. Од страна на Истражен судија на Б.Г. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

По претходно добиени сознанија дека Б.Г. се занимава со недозволена трговија со дрога обезбедени се три лица кои што од пријавениот купиле во текот на мај годинава три паковки со вкупно 4,5 грама марихуана. На 17-ти овој месец, пак, на улица “Коста Новаковиќ“ извршено е легитимирање и личен претрес на Б.Г. при што во неговата долна облека биле откриени 19 полиетиленски паковки со наркотична дрога марихуна во вкупна тежина од 44 грама, по што е приведен во службените простории на ЕНТДО. Истиот ден извршен е претрес во неговиот дом каде што е пронајдена паковка со 1,5 грама амфитамин и уште една паковка марихуана со 2,48 грама од оваа дрога.

Б.Г. во крим евиденцијата на СВР Скопје е регистриран како сторител на вакви кривични дела како и дела од областа на имотните деликти.

најчитано сега