Скопјанец остана без компјутери и златен накит
Вчера во селото Волково била ограбена куќа на скопјанец.
Се работи за 36-годишниот З.Р. каде непознат сторител влегол преку прозорот кој бил оставен на кипање, ја фатил рачката за отварање од внатрешна страна и го отворил по што влегол внатре и ја извршил кражбата.
Крадецот одзел три лап-топ компјутери и златен накит.
Тој се стекнал со противправна имотна корист од околу 300.000 денари.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.