Детали за страшната сообраќајка кај Радовиш: Амбулантно возило со детенце во него удри во камион
Уште една страотна сообраќајка ја потресе Македонија. Синоќа околу 22 часот на патот Радовиш-Штип кај местото Дамјан, возило на Брза Помош во кое имало детенце удрило во камион. Како што пишува Република, двегодишното детенце кое било во амбулантното возило поминало без видливи повреди, но со повреди се здобиле двајцата возачи и нивните останати сопатници.
Сообраќајната несреќа се случила кога од засега непознати причини амбулантното возило одзади удрило во камионот марка МАН.
Четириесетгодишниот возач на патничкото возило М.Ј. се здобил со фрактура, додека двајцата сопатници, триесетгодишниот К.С. и триесет и четиригодишниот М.С. се здобиле со полесни повреди. Со телесни повреди поминал и педесет и четиригодишниот возач на камионот Б.Т.
Извршен е увид.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа