Страотна сообраќајка во Куманово - четири лица тешко повредени
Најмалку четири лица се повредени, според првичните информации во сообраќајна несреќа што се случи денеска околу 11 часот на патот над Искрин мост помеѓу касарната „Боро Менков“ и бензинската пумпа „Трготим“ во Куманово.
Според информациите на хируршката амбуланта од Општа болница Куманово еден од повредените лица поради сериозноста на повредите префрлен е на скопските клиники, а останатите двајца кои се здобиле со повреди во сообраќајната несреќа се задржани на одделението за хирургијата, пишува МИА.
Увид на местото на настанот вршат екипи на СВР Куманово.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа