Ограбен маркет во гостиварско

 

Непознати сторители ограбиле маркет во селото Градец, Гостиварско, причинувајќи му на сопственикот штета од над 4.000 евра.

Според СВР Тетово, ноќта помеѓу 15 и 16 јуни непознати сторители насилно ја отвориле заштитната решетка на влезот од маркетот "Рио Компани" по што влегле во магацинскиот простор. Таму од метален ормар одзеле 300 евра и 18.000 денари и поголема количина цигари.

Според пријавата на сопственикот на маркетот, пленот на крадците се проценува на 290.000 денари.

Екипа од гостиварската полициска станица изврши увид и трага по сторителите на кражбата. 

 

 

Оцени ја веста

17.06.2015 - 10:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега