Ристовски: 30.000 денари за научен труд објавен во списание со фактор на влијание

 

Министерството за образование и наука и годинава распишува конкурс за доделување еднократни финансиски средства за објавени научно- истражувачки трудови од домашни автори.

За ова денеска информираше Министерот за образование Спиро Ристовски.

-Научните работници , поттикнати од големата конкуренција во меѓународни рамки, почнаа своите истраживања да ги споредуваат со колегите од целиот свет, преку објавувањето во овие списанија, рече министерот.

Конкурсот ќе биде објавен во понеделник а ќе важи во период од една година.

Субвенциите оваа година ќе изнесуваат 30 илјади денари  за секој труд.

ФОТО: Вмродпмне.орг

најчитано сега