Уште една трагедија во кумановската „Дива населба" - другари од детството заминаа заедно во смрт

 

Тројца од четирите загинати момчиња во минатонеделната сообраќајка во Куманово живеат во исто маало. Во кумановската Дива населба каде се водеа жестоки битки со терористите, настапи уште еден шок и разочарување по веста дека згаснаа сите животи на момчињата кои пред неколку дена направија страотна сообраќајка. Другарите од детството заминаа заедно од овој свет, пишува Утрински весник.

-„Ова не' дотепа, зарем малку беше тоа што го преживеавме?“, прашуваат на почетокот од населбата по веста за смртта на младите Исуф Асани (18), Ваљон Максути (17) и Зијадин Исуфи (18) кои живееле над џамијата куќа до куќа, од мали се дружеле изаедно оделе на училиште. 

Од она што го знаат соседите е дека средношколците биле прва смена на училиште. По завршувањето на часовите седнале во автомобил да се повозат низ градот. Возеле во правец од липковскиот регион, односно населбата Бедиње кон центарот на градот. Изгубиле контрола врз возилото, паднале од мостот и се забиле во цистерна на автопатот Куманово - Табановце.  Сеуште не е познато кој управувал со автомобилот. 

„Едното од децата е единец, им се запусти куќата на родителите“, жалат пријателите и познајниците. 

Инаку, трагедијата се случи на 9 јуни. 

ПОВЕЌЕ НА УТРИНСКИ

 

 

Оцени ја веста

16.06.2015 - 16:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега